17 Декември, 2025
0.0410

Србија отвора карантин за ебола во хотел

Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2014 10:24

Добивај вести на Viber

По паниката која ја предизвика сомнителен случај на заболен со ебола во Македонија, српските власти ги зајакнуваат мерките за превенција на опасната болест на своја територија. Од денеска на српските аеродроми започнува мерење на телесната температура на сите патници кои доаѓаат од критичните подрачја за овој вирус, за што биле набавени специјални топломери. „Се придржуваме на сите препораки на Светската здравствена организација. Со оглед на тоа што еболата влезе во Европа, одиме на повисоко ниво. Затоа на аеродромот во Белград започна да им се мери температура на патниците“, вели министерот за здравство Златибор Лончар. Тој објаснува дека започнала итна набавка на потребната заштитна опрема и се преземаат сите соодветни первентивни мерки. „Нема место за паника. Оваа работа ја држиме под контрола“, уверува Лончар, барајќи да не се создава паника со непроверени информации. Здравствените власти одлучиле, доколку се појави сомнителен случај на ебола во Србија, карантинот да биде во хотелот „Национал“, покрај автопатот Белград-Загреб, а одлуката треба да ја потврди и српската Влада. Од утре, седум екипи на српското Министерство за здравство ќе тргнат низ земјата за да ги едуцираат сите оние кои по природата на својата работа се во ризик да бидат заразени со ебола.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни