СРБИЈА: Повеќе од 123.000 станови се напуштени
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2024 16:29
Во Србија повеќе од 123.000 станови се напуштени.
Според пописот од 2022 година, 123.584 станови се напуштени. Кога не постои наследник, имотот останува на Република Србија. Таа постапка е долга, трае со години и затоа има празни и напуштени станови оставени на забот на времето.
Адвокатот Бране Круниќ вели дека законот дава широк спектар за наследување со тестамент. Вели дека кругот е широк и се наследува по наследни редови. Поблиските наследници ги исклучуваат подалечните. Ако нема наследници, имотот останува на државата.
Но, има и многу нерешени имотни односи. Најголем број напуштени станови или 89.813 има во јужна Србија, во Белград се 10.021, во Војводина се 23.750. Се смета дека голем број од овие станови не се со решени имотно- правни односи, или пак наследниците се во странство, па тие се запуштени и нив им е потребно реновирање, пишува bizlife.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




