17 Декември, 2025
0.0695

СРБИЈА: Само српски производи во камионите за извоз за Русија!

Објавено во: Балкан 11 Август, 2014 20:13

Добивај вести на Viber

Строги казни ќе следуваат за сите компании кои ќе се обидат да го злоупотребат извозот за Русија и да ја доведат во прашање српско-руската трговска соработка, предупредуваат српските власти во обид да ја искористат можноста што ја отвори руското ембарго за прехранбени производи од западните земји. „Имињата на сите компании кои ќе ја злоупотребат оваа можност ќе бидат јавно објавени, а за нив ќе следуваат строги казни. Мора да бидеме повеќе организирани. Ќе формираме координативно тело, кое на дневна основа ќе ги решава сите потенцијални проблеми“, најави министерот за трговија Расим Љајиќ, кој денеска оствари средба со сите поголеми српски извозници во Русија. Целта на состанокот беше да се испитаат можностите за искористување на руското ембарго кон западните земји за да се зголеми српскиот извоз во Русија. Притоа, казни ќе има и за сите компании кои ќе препакуваат стока од странство и ќе ја реекспортираат во Русија. „Камионите кои возат за Русија можат да бидат и полупразни, но во нив смее да има само српски производи“, категоричен е министерот и најавува засилени инспекции за ова. До српските власти во изминатите неколку дена стигнале понуди од десетици европски компании кои се обидуваат да го заобиколат руското ембарго со реекспорт преку Србија, но од Србија добиле одговор - тоа не е можно. „Ние им кажавме дека тоа не е можно и оти единствено можат да отворат или да купат фирма во Србија и притоа да ги извезуваат само производите произведени во Србија“, категоричен е Љајиќ. Србија е една од земјите на која руските власти сметаат при увозот на храна, а клучот при тоа е да се одржи имиџот и довербата.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни