17 Декември, 2025
0.0706

Србија се мобилизира за да ја искористи шансата за зголемен извоз во Русија

Објавено во: Балкан 09 Август, 2014 20:17

Добивај вести на Viber

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ за в понеделник закажа состанок со сите поголеми извозници на храна во Русија, како и со претставници на Министерството за земјоделство и на царинските служби. Целта на состанокот е са се одбегнат сите потенцијални проблеми во извозот за Русија, со цел да се искористи периодот кога Москва воведе ембарго на производите од САД, ЕУ, Норвешка, Канада и Австралија. Според Љајиќ, проблеми и пропусти како неодамнешниот извоз на свинско месо со листерија, кој се закануваше во целост да го блокира извозот на храна од Србија за Русија, нема да се толерираат. „Секој што ќе се обиде на кој било начин оваа шанса да ја доведе во прашање ќе биде најстрого санкциониран“, рече Љајиќ. Според првичните проценки, Србија на извозот на храна во Русија до крајот на годината би можела да заработи дополнителни 180 милиони долари, што ќе претставува скок од 70% во однос на лани. Надлежните предупредуваат дека производителите и извозниците мора да ја искористат шансата настаната со воведување на руските санкции за Западот, но и мора да знаат дека на рускиор пазар владеат строги правила. Во моментот, индустријата за зејтин во Србија работи со 50% од капацитетите, кондиторската - со 40%, индустријата за месо со 30%, а шеќерната индустрија само со 25% од капацитетите. Надежите се дека извозот кон Русија може значително да ги зголеми тие проценти. Што ќе јаде Русија по санкциите – полиците веќе се празнат!

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни