05 Декември, 2025
0.0896

Поради „аферата со млеко“ летаат директорски глави во Србија

Објавено во: Балкан 05 Март, 2013 16:10

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство на Србија, Горан Кнежевиќ изјави дека никој во министерството не направил постапка која не е во согласност со Законот, и дека мерки против одговорните лица за „аферата млеко“ ќе бидат превземени против тие што не реагирале на време, пренесуваат српските медиуми од состанокот на министрите за земјоделство од регионот. „Одговорни ќе бидат оние кои на време не превземале превентивни мерки и што министерството не е беше предупредено на време“ изјави министерот за земјоделство на Србија, по средбата со колегите од регионот. Осврнувајќи се на прашаењето околу дозволеното ниво на афлатоксин во млекото, Кнежевиќ потсети дека Србија за неколку дена ќе ги врати стандардите на претходното ниво кое ќе изнесува 0,05 микрограми на килограм млеко. Минатонеделната одлука за зголемување на дозволеното ниво на афлатоксин кај млекото на 0,5 микрограми, според него била изнудена мерка со цел да се спасат малите фармери и оние кои произведуваат млеко. Кнежевиќ, како што пренесуваат српските медиуми потсетил дека Владата на Србија ги превемала сите неопходни мерки за надминување на моменталната ситуација во вид на распределба на пченица од стоковите резерви за фармерите, како и одредени фикасотри за неутрализирање на афлатоксинот во млекото. Кнежевиќ, по состанокот со министерите за земјоделство од регионот истакна дека мострите на млеко од Србија кои се пратени на анализи во Холандија ќе биде уништени ако резултатите покажат зголемено ниво на афлатоксин, а резултатите ќе бидат објавени утре. Тој потенциираше уште еднаш дека млекото кое што во моментов е во промет во Србија е потполно здраво и безбедно за употреба. Првиот потпретседател на Владата на Србија , Александар Вучиќ вчера изјави дека ќе бидат сменети четири лица кои се сметаат одговорни за „аферата млеко“ и најави дека после овој скандал ќе се разговара и за реконструкција на владата. Тој за денеска најави дека ќе бидат сменети директорите на Управата за заштита на растенија, Управата за ветерина, како и челниците на Отсекот за здравје и растителен карантин, како и Управата за заштита на растенија и Оделението за фитосанитарн инспекција за безбедност на храна на оваа Управа поради неспоредна одговорност и непревземање наврмени мерки.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии