05 Декември, 2025
0.0349

Србија со 700 милиони евра приход од туризам

Објавено во: Балкан 09 Декември, 2012 10:45

Добивај вести на Viber

Србија оваа година ќе оствари девизен приход од туризмот од 700 милиони евра, исто како и во 2011 година, изјави дрржавниот секретар за туризам Горан Петковиќ за агенцијата БЕТА. Тој вели дека очекува стапката на раст на преноќувањата на странските туристи да порасне за седум проценти, а зголемување на бројот на влезени странски туристи во Србија за 6 проценти. Како што објасни Петковиќ, годинава се работело на привлекување туристи од Далечниот Исток, особено Кина, а зголемен е бројот на туристи и од Русија. Според него, за српскиот туризам е многу важно да се привлечат туристи од пазарите во развој, а за тоа ќе придонесе и воспоставувањето на нови летови до Истанбул, Абу Даби, Доха, Катар. Тој рече дека бројот на домашните туристи сеуште е во опаѓање и дека Министерството работи на овие резултати да бидат подобри наредната година. „Ќе се обидеме со стимулации за развој на туризмот, а разговараме и со Министерството за образование за подобрување на училиште екскурзии низ Србија“, рече Петковиќ. Според него, голем број ученици никогач не го виделе Лепенски вир, Кралската палата во Сирмијум, манастирите кои се под заштита на УНЕСКО ниту пак играле фудбал во Ѓердапската клисура на еден од најубавите спортски терени. Петковиќ вели дека е подготвен да им помогне на синдикатите и туристичките агенции да направат подобри туристички програми за патување во рамките на Србија. Тој рече дека досега се потрошени околу 110 милиони евра во развој кампови во Србија, кои сега ги има и во Засавица и Фрушка Гора, а реновирани се во Ада, Кањижи и Бела Црква. Петковиќ најави и дека следната година ќе биде отворен кампот на Златибор.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени