18 Декември, 2025
0.0530

Србија стравува од бранот кој доаѓа

Објавено во: Балкан 18 Мај, 2014 12:00

Добивај вести на Viber

Заменикот началник на Секторот за вонредни ситуации Ѓорѓе Бабиќ потврди дека во Србија денеска ситуацијата е под контрола, но во попладневните часови се очекува максимумот на поплавниот бран да се премести кон Белград и Обреновац. – Се уште немаме анализи како тоа ќе изгледа, изјави Бабиќ за Танјуг. Според него, ТЕ Никола Тесла во Обреновац засега не е загрозена, додека ТЕ во Костолац каде се прават високи насипи е безбедна. Во Белград во тек се засилување насипи на Сава. – Во Сремска Митровица и Шабац состојбата е стабилна колку што може да се каже, и постојано таму има тимови во дежурства, додаде тој. Според најновите информации од терен, епидемиолошката ситуација во Србија е под контрола, изјави за Танјуг Бојана Гргиќ од Институтот за јавно здравје. – Во вонредни околности како што се поплави и преместување голем број луѓе во колективни прифатни центри, ризикот од појава на зголемен број луѓе со заразни болести е присутен поради што континуирано се спроведува засилен надзор, изјави Гргиќ. По налог на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, во Обреновац денеска е формиран Оперативен штаб кој ќе ги спроведува сите мерки за нормализација на животот во градот. Во овој момент не е можно да се процени колку време ќе помине пред евакуираните да се вратат во своите домови. Стефановиќ за Танјуг изјави дека нивото на водата во Обреновац е во опаѓање, но постојат делови кои се и понатаму под вода така што градот се уште не е безбеден за враќање на жителите. Евакуацијата од тој град продолжува.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии