Србија: Во Косово се уриваат цркви и се менува идентитет
Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2015 10:26
Косовските власти, кои систематски ги уништуваат православните храмови, сега се обидуваат да се здобијат со контрола врз нив преку УНЕСКО, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.
„Ова за Србија е неприфатливо и може да се претвори во опасен меѓународен преседан. Како е можно уништувачи на цркви сега да бараат да се претстават за нивни хранители и бранители? Тоа е многу опасно. Повикувам сите претседатели да не го лишуваат српскиот народ од неговата душа , од неговото духовно наследство“, изјавил Николиќ од трибината на Генералното собрание на ОН.
„Поддршката на одредени земји како Албанија за депонирање и барање во УНЕСКО за тоа дека српското религиозно и културно наследство во Косово треба да биде прогласено за албанско и косовско. Истите оние кои намерно ги уриваа манастирите, се обидуваат да создадат ново етничко и културно самоопределување во Косово и Метохија, на тој начин, врз историските остатоци на други народи, да добијат светско признание“.
Николиќ потсетил дека од јуни 1999 година албанските терористи уништија 140 православни свети места во Косово, особено, од март 2004 година, косовските Албанци во присуство на меѓународните сили уништија повеќе православни цркви, манастирски библиотеки и архиви. „Во Косово и Метохија се чуваат не само српска, туку и европска култура. Затоа е особено важно Србија да продолжи да биде чувар на ова културно наследство во својство на член на УНЕСКО“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




