Србија: За војување во странска држава ви следи затвор до 10 години
Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2014 15:17
Српскиот парламент денеска ги усвои измените и дополнувањата на Кривичниот законик со кои се воведуваат кривични дела за учествување во војна или вооружен судир во странска држава и организирање на тоа учество.
За дополнувањата гласле 172 пратеници, додека против немало. Кога законот стапи на сила, секој кој и понатаму учествува во војна или вооружен судир надвор од Србија, направил кривично дело и ќе биде казнет од шест месеци до пет години затвор, ако учествувал како поединец. Ако учествува во група предвидена е казна од една до осум години затвор, додека за организаторите прописната казна затвор е од две до 10 години. Како што наведува предлагачот, усвоените дополнувања ќе обезбедат подобра заштита на граѓаните и на основните социјални вредности, бидејќи одреден број на државјани на Србија се придружуваат на паравоените формации надвор од земјата, а после враќањето стануваат носители на пропагандно дејствување и ги поттикнуваат граѓаните на учество во воени судири во други земји.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




