Добивај вести на Viber
И ова го има и тоа во блиското соседство каде што навработеноста порасна над 20%. Што треба да направам за да добијам чесно заработена плата и да ги прехранам своите две деца, прашува младата мајка Ивана Врасаловиќ од Белград, една од половина милион луѓе кои во Србија работат на црно. Во продавницата за луксузна гардероба на фирмата „Outfit“ Ивана работела два месеци без плата и договор, прекувремено шест дена во неделата, трпејќи понижување, притисок и наредби. Сега кога не сакаат да ја исплатат единствено и преостанува да ги тужи.
-На крајот на септември останав без работа. Непосредно пред тоа конкурирав на повеќе огласи за работа и во тој период бев повикана на разговор во „Outfit“. Менаџерката ми објасни дека се работи за работно место на функцијата продавач во продавниците со ексклузивна гардероба за плата од 25.000 динари. Со работно време од шест часа, еден слободен ден во неделата и пријава во ПИО фондот. Меѓутоа откако бев примена после една седмица пробна работа, излезе дека се е поинаку. Повеќето од работниците не беа пријавени, никогаш не се знаеше која смена се работи, колку трае работното време, а да не го споменувам и секојдневното омаловажување, објаснува Ивана за „Блиц“.
Нејзината работа како што раскажува младата мајка наложувала и да го плеви цвеќето во саксиите пред продавницата за како што вели „можат луѓето да видат дека продавницата работи“.
Сепак измачувањата на Ивана не завршуваат тука , таа на секој час била навредувана од менаџерката која ја обвинувала дека е виновна, бидејки нема работа и нема муштерии. Кога поминале два месеци и тоа без да добие плата Ивана решила да даде отказ.
-Имам бебе од 16 месеци и дете од четири години, а сопругот ми е во болница. Менаџерката и покрај мојата состојба рече дека нема да добијам ни динар, бидејки сум дала отказ, раскажува младата мајка.
Откако Ивана се одличила преку медиумите да ја пронајде правдата, добила и заканувачки повик од сопстевничката на „Otfit“ која и кажала дека оваа нејзина одлука ќе ја плати со живот, сепак младата мајка не застанала тука, туку го пријавила случајот во полиција. Поради што подоцна добила уште еден телефонски повик во кој и било ветено дека фирмата ќе ја исплати до 12 декември.
Сепак докажувањето на ваквите случаи оди тешко, што е вообичаено за жителите на Балканот. Според правилата на инспекцијата за да се докаже правдата на еден ваков случај мора да се побара преку суд, бидејки за работникот да докаже дека работи на црно инспекторот мора да го затекне на работното место. Тогаш инспекторот е должен против сопстевникот да покрене прекршочна постапка и решение кое налага склучен договор за работа и осигурување.
До пред 2 месеци Ивана стрепела да не биде фатена од инспекцијата, бидејќи била свесна дека работи на црно. Но, некој морал да купи леб дома. Сега, повторно е без работа, а згора на тоа и под закани од бившиот работодавец.
Од месец јануари до октомври, српската инспекција затекла 5000 лица кои работат на црно, по што откако работодавците биле казнети 3840 од нив засновале работен однос во фирмите. Како што покажува српската статистика, најголем дел од работниците на црно се во трговијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.