Добивај вести на Viber
Просечната плата од 1000 евра која лани ја имаа Словенците, граѓаните на Србија ќе ја добиваат после 86 години, се наведува во анализата од Здружението на градежни инженери во Србија.
Доколку Србија продолжи во темпото на развој кое го има, во 2101 година нејзините жители ќе земаат во просек плата од 1000 евра. Платата од 360 евра се смета дека ќе расте за 1.2% годишно.
Други анализи кои се поклопуваат со овие, покажуваат дека до 2020 година, српските граѓани ќе заработуваат помалку од 45.000 динари.
Се споменува во истражувањето дека во Србија во последните 30 години се води погрешна економска политика. Во последните 25 години околу милион граѓани се иселиле од Србија.
Се прогнозира дека кога Србија ќе ја стигне Словенија, и Словенците нема да стојат во место, туку тогаш ќе земаат плата од 2.800 евра.