СРБИТЕ ЌЕ ИЗГРАДАТ ФАБРИКА ЗА КИНЕСКИ ВАКЦИНИ: Месечно ќе произведуваат два или три милиони
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Март, 2021
Србија не запира во трката за вакцини. Освен што ќе ги произведуваат руските вакцини, ќе изградат и фабрика за кинески вакцини.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе никне нова фабрика за вакцината на Синофарм, во соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Кинезите, јавува Б92.
„Од 15 октомври ќе имаме голема количина вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мора и по цена на чинење да му дадеме и на регионот“, вели Вучиќ.
За две недели ќе има и официјално потпишување.„Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за Синофарм вакцини, која ќе ја градиме заедно со Обединетите Арапски Емиреати и со Кинезите во Србија“, објаснил претседателот Вучиќ.
Договорено е фабриката за вакцината на Синофарм да биде изградена и да почне со производство од 15 октомври.
„Дотогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи тоа што го научив вечерва е дека ќе мораме па макар и по цена на чинење да дадеме вакцини и на регионот, бидејќи сите наши луѓе кои ќе ги излечиме или превентивно да делуваме нема да вреди ако во регионот има проблем“, изјавил Вучиќ.
Тој вели дека Србија ќе може да произведува два или три милиони вакцини месечно.
FOTO TANJUG/ INSTAGRAM "BUDUCNOSTSRBIJEAV"/ nr
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.