СРБИТЕ КОН ОХРИД ЌЕ ПЛАЌААТ ПАТАРИНА: Дали е ова шлаканица за домашниот туризам?
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2021 07:33
Српските граѓани требаше да бидат ослободени од плаќање патарина на цела територија на државата, сметаат охриѓани.
Според нив, фактот дека српските туристи ќе плаќаат патарина кон Охрид не оди во прилог на домашниот туризам кој е погоден од пандемијата. Ваков став имаат граѓаните на Охрид кои имаат сместувачки капацитети и зависат од туризмот. Дури, според нив, целата процедура можеше многу полесно да се заврши, без изработка на картички.
„Тој што решил да дојде ќе го посети Охрид, но плаќањето на патарина дефинитивно ќе има влијание. Дури можеше и без картички да се реши, само со пропуштање на возила со српски таблички. Пред пандемијата имав 20 отсто српски гости, а 80 отсто домашни“, вели Катерина Георгиевска од Охрид.
Друг нејзин сограѓанин, кој издава апартмани, исто смета дека ослободувањето од плаќање на патарини требаше да важи на територија на цела држава, а вака е контрапродуктивно.
„Јас не сум задоволен од таа мерка. Ги стимулираме српските туристи да одат во Грција. Ако знае дека треба да плати патарина, некој ќе се премисли и нема да дојде. Требаше ослободувањето да важи за цела република, посебно за овие наши краеви тоа е важно, за да ги задржиме гостите. Јас имав голем број туристи од Србија пред пандемијата. Ако 50 отсто беа српски гости, останатите 50 отсто ги покриваа сите други посетители“, додава охриѓанец.
Од ХОТАМ велат дека требаше да се најде поинакво решение кое ќе биде во интерес на сите.
„Не можам многу да коментирам затоа што не ги знам тие технички детали, но сметам дека требаше да се најде некое поинакво решение, и српските туристи секаде да бидат ослободени од плаќање на патарина, затоа што првичната цел беше да се помогне на домашниот туризам“, рече Крсте Блажески од ХОТАМ.
Надлежните се правдаа дека од анализите е утврдено дека во најголем дел автомобилите се движат по Коридор 10. Неможноста за електронска наплата на Коридорот 8 кој води до Охрид, е причина поради која на српските државјани не им е овозможена бесплатна патарина во тој патен правец. За српските туристи ќе има 200.000 електронски картички. На картичките за бесплатна патарина за српските туристи ќе има по 760 денари колку што чини транзитот по Коридорот 10. Нив ќе можат да ги искористат од 15 јуни до 15 август. Оваа привилегија е во знак на благодарност за донираните вакцини.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





