17 Декември, 2025
0.0560

СРБИТЕ ПРАШУВААТ: Каде се парите за обнова и поплавените?

Објавено во: Балкан 24 Септември, 2014 08:26

Добивај вести на Viber

Поминаа четири месеци од катастрофалните мајски поплави кои ја зафатија Србија. Во текот на поплавите помош стигаше од сите страни на повеќе нашини. Се пракаа СМС пораки, се уплаќаа пари дирекно на сметки, бројни фирми помагаа и во пари и со стока, а помош дадоа и познатите. Меѓутоа до сега според пишувањата на српските медиуми не е официјално познато колку пари за обнова од полплавите  е собрано. Транспарентност Србија неодамна наведе дека и покрај ветувањето на премиерот Александар Вучиќ тие податоци сеуште не се објавени. Податокот па до кој дошле Б92 покажува дека на сметката на Владата на Република Србија на име последици од поплавата досега се уплатени 2.202.010.455,87 динари. Моментално на сметката се наоѓаат 11.706.160, 86 динари, додека остатокот на парите Канцеларијата за обнова која ја води Марко Благојевиќ ги подигнала и пренасочила во загрозените подрачја. Сепак прецизни податоци за тоа кој колку пари дал сеуште не се познати. Не се знае ниту колку пари се собрани од СМС пораки. Од министерството за финасии на Србија изјавиле дека сеуште не се собрани податоци од операторите. Помош пристигаше и во Српски Црвен Крст кој на најзгрозените до сега има поделено 4000 тони артикли. Сепак сеуште постојат и незадоволни. Примивме различни информаци, посебно за Обреновац, дека е довлно, но и дека не е доволно помош. Ние дадовме се, а тоа што фалеше го плативме од наши пари, вели за Б92 Весна Миленовиќ од Црвен Крст. -Во магацинот остана уште околу 100 тони стока, таа би требало да биде испорачана до средината на октомври, додава таа.  Постојат и случаеви каде помошта се злоупотребува и се носи по пазарите. -Ние не можеме да контролираме што работат корисниците. Во еден момент во Обреновац примивме информација да стопираме со гардеробата затоа што таа почнала да се појавува на пазарите, вели Миленовиќ До сега на име помош за загорезинте на истокот од Србија уплатени се  само 20.000 динари. K.K.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни