17 Декември, 2025
0.1004

Србите тријат раце – руските компании плаќаат пред време!

Објавено во: Балкан 28 Август, 2014 07:55

Добивај вести на Viber

Побарувачката на руските компании за шумадиско овошје оваа година е три пати поголема од минатата, а од неодамна се заинтересирани и за увоз на зеленчук. Ова го тврди сопственикот на компанијата Трнава МГ од Горна Трnава. Неговата компанија која е основана 1990 година, веќе седум години речиси целокупното производство на овошје, како и откупените количини ги пласира исклучиво во Русија. Минатата годинa на тамошниот пазар имаат извезено 1.000 тони разни видови на овошје. - Интересот за овошје и зеленчук е огромен, но проблем е што ние не може да ги испратиме тие толку големи нарачки. Србија нема толку овошје, а руските партнери месечно бараат 600 тони овошје, вели Момо Василевиќ, сопственикот на компанијата. Според неговото мислење руските партнери ги намалиле и критериумите за квалитетот на овошјето, но она што е најважно е дека сега авансно ги плаќаат нарачките, што во минатото не било случај. - Прв пат оваа година бараат да им извеземе пиперки и тоа лути, потоа бараат брокули, целер, карфиол, пченка, како и замрзнати производи, вели Василевиќ. Србија засега е единствената земја од регионот која има корист од санкциите кои Русија ги воведе кон земјите од ЕУ за увоз на овошје и зеленчук. Додека властите во Москва бараат алтернативи за задоволување на домашниот пазар, земјоделците во Србија ги празнат своите залихи. Она што е интерсно е податокот дека големи компании од ЕУ отвараат свои фирми во Србија со цел да можат да ги извезат своите производи на пазарот во Русија. Австрискиот производител на зачини Котанји, веќе најави дека отвара своја фабрика во Србија каде ќе ги пакува зачините за да може да ги извезе во Русија. Дури 20 проценти од извозот на оваа фабрика е на пазарот во Русија. Раководство вели дека мора да делуваат бргу за да не се соочат со загуби. Тие тврдат дека голем број на компании од ЕУ бараат слободни капацитети во Србија. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни