16 Април, 2025
0.0541

СРЕДБАТА МЕЃУ ПУТИН И ВИТКОФ ТРАЕШЕ ЧЕТИРИ ЧАСА - „Средбите не се тајни, но преговарачкиот процес е затворен“

Објавено во: Свет 11 Април, 2025 22:03

Добивај вести на Viber

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, заврши, соопшти Кремљ.

Според руската новинска агенција ТАСС, разговорите се одржале во претседателската библиотека во Санкт Петербург и траеле повеќе од четири часа. Детали од разговорот засега не се објавени.

Kако што претходно јави руската агенција, Виткоф, кој денеска пристигна во Санкт Петербург, претходно во хотелот Гранд Европа во Санкт Петербург се сретна со специјалниот пратеник на рускиот претседател и извршен директор на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, пред средбата потврди дека таа ќе се одржи зад затворени врати.

- Средбите не се тајна, ова е трета посета на Виткоф на нашата земја. Тој двапати дојде во Москва, денес - во Санкт Петербург... Но, самиот преговарачки процес е затворен процес - му рекол Песков на рускиот новинар Павел Зарубин во емисијата „Москва. Кремљ. Путин - пренесува руски Интерфакс.

Според него, Путин и Виткоф ќе продолжат директно на разговорите што се водат во зградата на претседателската библиотека во Санкт Петербург.

- Преговорите почнуваат веднаш. Обиколка на библиотеката нема да има - рече Песков.

Тој додаде дека ракувањето меѓу Путин и Виткоф на почетокот на средбата „е сосема нормален показател, ова не е прв пат тие да се сретнат“.

Песков рече дека не е одредено време за оваа средба.

- Тоа ќе се одвива се додека е потребно, а ќе се разговара за различни аспекти на решението за Украина, билатералните односи и нормализацијата на активностите на дипломатските мисии - додаде Песков.


Претходно прес-службата на Кремљ објави дека средбата меѓу Путин и Виткоф започнала во претседателската библиотека во Санкт Петербург и објави видео од нивното ракување пред почетокот на разговорот.

Последен пат Путин беше домаќин на Виткоф во Москва на 13 март 2025 година, а претходната средба беше одржана на 11 февруари, по што следеше голема размена на руски и американски затвореници.

Сепак, ниту Кремљ ниту Белата куќа официјално не го потврдија фактот за првата средба. На 23 февруари Виткоф рече дека се сретнал со Путин, но не прецизираше датум.

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАЛЕ ДА ЈА КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ЗГРАДАТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Украина уапси руски шпиони

ПЛАНИРАЛЕ ДА ЈА КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ЗГРАДАТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Украина уапси руски шпиони

АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат

АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат

(ВИДЕО) УКРАИНА СЕ ОДМАЗДИ: Тврдат дека ја уништиле бригадата која изврши напад во Суми

(ВИДЕО) УКРАИНА СЕ ОДМАЗДИ: Тврдат дека ја уништиле бригадата која изврши напад во Суми

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ВО ФРАНЦИЈА: Имаше пукање, запалени автомобили и нападнати затвори

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ВО ФРАНЦИЈА: Имаше пукање, запалени автомобили и нападнати затвори

ЛАВРОВ ЗА КРИМ И КОСОВО: Западот смета дека Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците

ЛАВРОВ ЗА КРИМ И КОСОВО: Западот смета дека Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците

ПОМИНАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА ОРБАН - Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања

ПОМИНАА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА ОРБАН - Унгарија ќе признава само два пола, машки и женски, еве кои се другите претходни ограничувања

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

МЕРЦ РАЗМИСЛУВА ПОИНАКУ ОД ШОЛЦ: Сака да испорача ракети Таурус во Украина

МЕРЦ РАЗМИСЛУВА ПОИНАКУ ОД ШОЛЦ: Сака да испорача ракети Таурус во Украина

ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?

ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?