24 Октомври, 2024
0.0295

СРЕДБА БОЖИНОВСКА-ЛОСОН: Заинтересирани сме за размена на искуства во справувањето со предизвивиците во однос на безбедноста на критичната енергетска инфраструктура

Објавено во: Економија 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Сверна Ирска, Метју Лосон.

За време на средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од севкупното ниво на односи меѓу двете држави, посебно истакнувајќи го мошне високото ниво на економски односи и фактот дека Обединетото Кралство е држава која е еден од најголемите инвеститори кај нас.

Во таа прилика, министерката Божиновска истакна дека успешните приказни на британските инвеститори во последните петнаесетина години во нашата држава се најдобар сигнал дека сме подготвени за проширување на инвестициската активност и во сферите како енергетиката, обновливите извори и одговорното рударство. Инвестициите се приоритет и се надева на понатамошни инвестиции на британски фирми во државата, како и соработка во насока на усовршување на стручен кадар за потребите на овој сектор.

Меѓу другото, министерката Божиновска нагласувајќи ги сојузничките односи со Обединетото Кралство во рамките на НАТО Алијансата, потенцираше дека како држава сме повеќе од заинтересирани за размена на искуства во справувањето со предизвивиците во однос на безбедноста на критичната енергетска инфраструктура, како во сајбер, така и во реалниот простор.

На крајот, министерката го запозна соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, во исчекување на претстојната посета на Обединетото Кралство во рамки на Самитот на европски лидери и истакна дека очекува активна соработка со британските партнери, како и почесто средби во претстојниот период.

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари