05 Декември, 2025
0.0521

Средба Божиновска-Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика

Објавено во: Економија 23 Август, 2025 13:47

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во  Македонија, Михалис Рокас.

Разговорот, како што соопштуваат од Министерството, бил посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт на ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. 

„Министерството информираше за реализираните и планираните активности во рамки на Реформската агенда, чија имплементација ќе продолжи со интензивно темпо. Посебно внимание беше посветено на поддршката што Северна Македонија ја добива од Европската Унија преку ИПА III програмската рамка“, соопштија од Министерството. 

Финансиската и техничка помош во висина од 5,2 милиони евра ќе биде насочена кон јакнење на институционалните и оперативните капацитети за водење ефективна енергетска политика и справување со климатските промени, како и кон подготовка на подзаконски акти, соработка со општините и анализа за спроведување на зелената транзиција.

„Европската Унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Поддршката што ја добиваме преку ИПА инструментите е од суштинско значење за да изградиме поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните“, истакна министерката Божиновска.

Средбата потврди дека ЕУ останува клучен сојузник на Северна Македонија во реализацијата на зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?