Средба на земјоделците во Струмица, ќе се разговара за договореното производство
Објавено во: Агробизнис 08 Февруари, 2013 11:13
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска замина за Струмица каде ќе се обрати на работната сесија за договорено производство.
На средбата ќе се разговара за воведување на договореното производство, јакнење на дијалогот меѓу производителите и преработувачите и јакнење на вредносниот ланец на преработка на зеленчук на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар.
Покрај Коњаноски, на сесијата ќе присуствуваат претставници од Федерацијата на фармери, од Македонската асоцијација на преработувачи и земјоделци од струмичкиот регион.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





