09 Октомври, 2024
0.0353

СРЕДБА ЗАЕВ - БУТАРИС: Што констатираа за Договорот од Преспа?

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, имаше средба со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, при што е констатирано дека се остварени заложбите на премиерот Заев и на солунскиот градоначалник за пријателство меѓу граѓаните на двете држави, низ политики на искрена меѓусебна соработка и доверба, уште пред потпишувањето на договорот од Преспа.

Оценето е дека политиките на конфликт значат загуба за две страни, исто како што заедничките обиди за изнаоѓање решение, значат придобивка за двете страни.
Премиерот Заев рече дека солунскиот градоначалник Бутарис, кој е голем пријател на нашата држава, е вграден во постигнатиот преспански договор.

„Денес, нашите две држави имаат голема иднина пред себе, со многу можности. Договорот од Преспа е стратешко партнерство за области значајни за граѓаните на двете земји. Придобивките веќе се чувствуваат, преку соработката во земјоделството, енергетиката, новите инвестиции, соработката на бизнис-заедниците, размената на искуства во областа на екологијата и туризмот, заложбите за олеснувања на граничните премини. Од воспоставените добрососедски односи имаме само бенефити. А начинот на доаѓање до решение, низ искрен дијалог, за чувствителни прашања, што се постигна со договорот од Преспа е придобивка на целиот регион“, вели Заев.

Констатирано е дека ќе биде запаметено, дека во специфични политички околности имаше луѓе кои поддржуваа дијалог што е база на денешните воспоставени добрососедски односи.

На состанокот е заклучено дека отворените перспективи меѓу државите и соработката меѓу градовите допрва ќе ги даде вистинските позитивни резултати.

На крајот од летово на Бутарис му завршува мандатот. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл