„СРЕДБАТА Е ПОДДРШКА НА ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА“: Милановиќ ја критикуваше хрватската влада за средбата со израелскиот министер за надворешни работи
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2025 14:44
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ ја критикуваше хрватската влада, чии претставници имаа средба со израелскиот министер за надворешни работи, кој беше во Загреб.
Според него, во време кога израелската влада и армија протеруваат цело население од Газа, средбата е поддршка на политиката на насилство, етничко чистење и воени злосторства.
„Зошто израелскиот министер за надворешни работи беше поканет во Загреб и зошто претседателот на хрватскиот парламент, премиерот на Република Хрватска и министерот за надворешни работи на Владата на Република Хрватска се сретнаа со него? Во време кога израелската влада и армијата го протеруваат целото население од градот Газа и најавуваат напад врз тој град од еден милион жители, средбата со член на истата таа влада всушност е поддршка на политиката на насилство, етничко чистење и воени злосторства на Израел. Наместо да го започне процесот на признавање на палестинската држава како прв чекор во постигнувањето решение за две држави и траен мир на Блискиот Исток, Владата на Република Хрватска ги поддржува функционерите на израелската влада кои недвосмислено стојат зад политиката на војна и насилство“, напиша Милановиќ на социјалните мрежи.
Тој смета дека ваквата средба е навредлива за Хрватска и за сите жртви на агресијата врз Хрватска.
„Колку е погрешно да се сретне со член на израелската влада покажува и неговата денешна изјава во која ја споредува хрватската татковинска војна и израелската агресија врз Газа! Ова е навредливо за Хрватска и за сите жртви на агресијата врз Хрватска затоа што Хрватска се бранеше, за разлика од Израел, кој беснее и убива десетици илјади луѓе во Газа. Како да не беше тоа доволно, целиот центар на Загреб денес беше блокиран со часови во чест на израелскиот министер, што не се случува дури ни кога во Хрватска доаѓаат многу поистакнати и поважни гости“, посочи Милановиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





