29 Септември, 2024
0.0238

Средната класа не може да си дозволи реклама на Facebook

Објавено во: Анализа 12 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Рекламениот простор на Facebook станува се поскап. Малите и средните претпријатија се почесто не можат да си го дозволат луксузот да пуштаат реклами во Facebook, а многу од нив сметаат дека рекламата на социјалната мрежа и онака не вреди. Кога минатиот месец Facebook ги претстави своите најнови квартални податоци, стана јасно дека рекламата е во просек со 123% поскапа во споредба со истиот квартал минатата година. Рекламните впечатоци, односно бројот на реклами кои биле видени на страниците на Facebook, се намалуваат со 25 отсто, додека приходите од продажба на реклами се зголемува за 67% до 2,68 милијарди долари, велат од компанијата. Facebook објаснува дека рекламите постигнуваат добри резултати. "Цената на една реклама е обврзана со вредноста која се добива како резултат од неа", вели Дејв Уенр, главен финансиски директор на Facebook. "Ние продолжуваме да работиме за да го подобриме рекламниот простор и се обврзуваме кон подобра публика". Некои сопственици на мали претпријатија сепак на овој развој гледаат на помалку позитивен начин. Скокот на цените е "добр за податоците за продажба на Facebook, но недостапен за мал бизнис со ограничен буџет за рекламирање", вели Нејтан Латка, извршен директор на Heyo.com. Неговата компанија нуди апликации со кои други компании може да креираат огласи за Facebook. Тој нарачал рекламите да се појавуваат на страниците на Facebook на луѓето кои посочиле дека со задоволство џогираат и пешачат - целна група, која е исто толку привлечна за производители на спортска стока. Во 2013 година "цената на клик" на рекламите му се зголемила за четири пати до два долари, покажуваат сметките. Обемот на рекламните импресии, преглед и продажба од Facebook корисниците, сепак опаѓа со 60, 50 и соодветно 75 проценти, вели тој. Во септември минатата година тој пушта последна реклама за Facebook. Сепак тој продолжува да се рекламира во Google, за чии услуги тој плаќа 325 долари месечно. "Корисниците кои доаѓаат од Google, генерираат значително повеќе приходи", вели тој. "Ние работиме напорно за да се осигура дека нашите рекламни системи се лесни за користење, па дури и најмалите претпријатија да можат да стигнат со своите реклами до вистинските клиенти", вели портпаролката на Facebook. Една од причините за тоа дека рекламите во социјалната мрежа станаа поскапи и стигаат до до помалку корисници, е зголемената конкуренција за рекламен простор. Околу 1,5 милиони. Компании со различна големина во меѓувреме се рекламираат на Facebook, додека пред една година нивниот број бил помал од 1 милион. Освен тоа достапен е и помал простор - реклами во десната половина на сајтот стануваат поголеми, поради што помалку реклами наоѓаат се појавуваат одеднаш. Кога Facebook во април ги објави овие промени, компанијата изјави дека потрошувачите ќе гледаат помалку реклами, како целина, и дека некои реклами ќе треба да плаќаат повисоки цени. Facebook просторот за рекламирање го продава во еден вид аукции, каде што реклами може да конкурираат за расположливиот рекламен простор. K.K.