15 Мај, 2024
0.0362

Средношколци од училиштето „Нова“ станаа квиз-шампиони на Централна и Источна Европа

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

CEESA Knowledge Bowl е натпревар во кој учествуваат ученици од образовни институции кои се дел од Асоцијацијата на училишта од Централна и Источна Европа. За да се победи на овој натпревар, пред сè, потребно е да се има енциклопедиско знаење

Интернационалниот натпревар CEESA Knowledge Bowl кој наједноставно може да се опише како голем ученички квиз се одржа во меѓународното училиште „Нова“, а два тима од оваа образовна институција ги освоија првото и второ место. Концептот зад овој турнир е учесниците да одговараат на случајно избрани прашања од теми од различни полиња како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн.

На дводневниот натпреварот учествуваа три тима од „Нова“ кои си ги измерија знаењата со ученици од Софија, Белград, Љубљана, Загреб и Краков. Две екипи предводени од средношколците Петар Пешев и Арт Саити се најдоа на првата и на втората позиција додека третиот НОВА тим чиј капитен беше Емилијан Чузмичи се пласираше на високото четврто место.

Srednoshkolci od uchilishteto NOVA stanaa kviz-shampioni na Centralna i Istochna Evropa 1

- Презадоволни сме од успехот кој го постигнаа нашите ученици кој воедно е и мотивација за сите следни тимови кои се ќе појават на CEESA Knowledge Bowl. Овој натпревар е на исклучително високо ниво и се оценува севкупното знаење на еден тим од сосема различни области. Во многу силна конкуренција, нашите екипи ги освоија првите места и се надеваме дека ќе продолжиме во таа насока и во иднина – велат од меѓународното училиште „Нова“.

CEESA Knowledge Bowl е годишен турнир кој се одржува во различни градови, а во него земаат учество образовни институции од Централна и Источна Европа. За да се победи на овој натпревар потребно е да се има енциклопедиско знаење како и брзина со оглед дека поставеното прашање го одговара оној што прв ќе го стисне тастерот.

Досега натпреварот се има одржувано и во Виена, Братислава, Санкт Петербург, Загреб, Љубљана и во многу други метрополи. Голем број на ученици од различни земји првпат го посетија и Скопје поради турнирот и дел од времето го искористија да се запознаат подобро со нашиот главен град.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година