18 Декември, 2025
0.0449

Сретен Миладиноски продаде акции, па стана директор на Агенција за пошти

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Професорот Сретен Миладиноски е избран за директор на Агенцијата за пошти, телото кое го регулира работењето на АД Пошта и на останатите приватни поштенски агенции. Доскорешниот мнозински сопственик на кичевската мелничко пекарска индустрија „Жито Караорман“ доаѓа на местото на Билјана Аврамоска Ѓореска.

„Сретен Миладиноски, доктор на економски науки е избран за директор на Агенцијата за пошти, на јавниот оглас кој во месец декември 2023 година го спроведе  Комисијата на Агенцијата за пошти. Директорот Миладиноски стапи на функцијата на ден 16.01.2024 година со мандат од пет години“, соопшти регулаторното тело.

„Жито Караорман“ по берзанска трансакција изминатото лето премина во рацете на претходно малцинскиот акционер Селаудин Арифи, кој покажа амбиција целосно да ја преземе фирмата. По две ценовно чувствителни информации објавени преку Македонска берза стана јасно дека Арифи ќе биде доминантен сопственик во „Жито Караорман“ за сума од 56 илјади евра исплатена на контото на Миладиноски.

Акционерот со потекло од Кичево му продаде 5.600 обични акции или 50,67 отсто, со право на глас, на Арифи, инаку сопственик на трговската фирма АС Сењак, но и компанија која се занимава со градежништво и учествува на јавните набавки. Меѓу другото, Арифи е акционер и во скопска „Европа“ уште од 2013 година, кога купил 18 отсто од акциите во износ од 1,88 милиони евра.

Според податоците што се наоѓаат на Македонска берза, „Жито Караорман“ е една од водечките фирми во мелничко пекарската индустрија, која располага со најсовремени машини за производство на брашно, леб и бели печива.

Фирмата со 50 вработени, во 2022 ги постигнала следните резултати – вкупни приходи од 98.244.933 денари или 1,59 милиони евра, расходи 97.785.622 денари/1,58 милиони евра и добивка 396.902 денари, односно 6,5 илјади евра.

Во петте изминати години, највисоката добивка од 7,7 илјади евра била остварена во 2018. „Жито Караорман“ има бонитетна оцена Ф.

А.К.





Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје