17 Декември, 2025
0.0384

Српската амбасадорка во Скопје меѓу најслабо платените српски дипломати

Објавено во: Балкан 09 Септември, 2014 19:58

Добивај вести на Viber

Амбасадорката на Србија во Скопје Душанка Дивјак-Томиќ зема вкупна плата од 3.618 евра месечно, што е една од најниските плати за шефови на своите дипломатско-конзуларни претставништва што ја исплаќа Србија, покажаа податоците што ги објави српското Министерство за надворешни работи. Согласно официјалната листа што ја објави Министерството, нејзината плата е само малку повисока од онаа на српските амбасадори во Алжир (3.548 евра), Никозија (3.508 евра), Тунис (3.229 евра) и Хавана (3.611 евра). Сите останати српски амбасадори низ светот земаат повисоки плати, во кои најголем е уделот на надоместокот за зголемени трошоци за живот. Токму разликите во животниот стандард меѓу земјите-домаќини се причина за најголемите разлики за платите на амбасадорите. Така, најдобро платени српски амбасадори се оние во амбасадите во Берн (5.680 евра), Лондон (5.610 евра) и во Постојаната мисија при Европската канцеларија на Обединетите нации во Женева (5.573 евра). Освен надоместот за зголемени трошоци за живот, платата на амбасадорите е составена и од основна плата, надомест за издржување на членовите на семејството доколку тие патуваат заедно со амбасадорот и додаток за минат труд. Трошоците за живот во земјата-домаќин се пресметуваат врз основа на индексот што го објавуваат Обединетите нации. Б.А.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни