20 Декември, 2025
0.0361

Српската дијаспора си мисли на своите – српските граѓани добиле околу 2,6 милијарди евра од роднини

Објавено во: Балкан 17 Август, 2015 13:09

Добивај вести на Viber

Српските граѓани во 2014 година вкупно добиле околу 2,6 милијарди евра од роднини и пријатели што живеат и работат во странство, а се проценува дека околу 800.000 луѓе во Србија добиваат парична помош од дијаспората, покажуваат податоците на Светска банка. Во просек секое семејство 15 проценти од својата потрошувачка ја базира на средства од странство, а во однос на уплатените 2,6 милијарди евра од минатата година, во првата половина на годинава е забележан раст од 12 отсто, што според експертите се должи на позитивното заздравување на светската економија. Статистички, секој жител на Србија добива тринаесетта плата, но не од работодавците, туку од член на семејството во странство, покажуваат податоците на Светска банка, јавува Радио-телевизија Србија. Секој жител на Србија во просек од странство годишно добива околу 400 евра, што српската дијаспора ја рангира меѓу најдарежливите 20 во светот. Околу две третини од парите пристигнуваат од Германија, Австрија, Швајцарија и Франција, службено преку банки, а се проценува дека неофицијално од рака на рака пристигнува уште половина од тој износ. Според експертот на Светска банка Лазар Шестовиќ, овие средства се користат за дневна потрошувачка и плаќање на сметки.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација