05 Декември, 2025
0.2444

Српската Влада со пченка од стоковите резерви ќе им помага на фармерите

Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2013 14:08

Добивај вести на Viber

Српското Министерство за земјоделство, денеска ќе и предложи на Владата на Србија мерки за помош на загрозените фармери поради појавата на зголемено ниво на афлатоксин во млекото, пренесува Танјуг. Според потврдената информацијата Министерството за земјоделство на Србија ќе предложи на фармерите кои се исклучени од  откупните линии бесплатно да им биде поделена пченка од стоковите резерви и тоа по 300 килограми пченка од молзна крава, како и одредена количина на зеолит со кој ќе се подобри квалитетот на сточната храна. Исто така Министерството ќе предложи до Владата, да им наложи на преработувачките капацитети да го откупат целото млеко од фармерите, без оглед на неговиот квалитет, а она млеко кое не одговара на пропишаните стандарди да до предадат на третирање во складиштата кои законски се надлежни за тоа. Министерството ќе преложи и на фармерите кои произведуваат здраво млеко исто така да им се дистрибуира пченка од стоковите резерви и да им се признае правото на премии по предаден литар млеко, без оглед на тоа дали млекото ќе оди во производство или на уништување. Во текот на вонредните контроли кои и понатаму се во тек, надлежните органи се сомневаат во начинот на исхрана и квалитетот на сточната храна, па превентивно е донесена и мерка за забрана за ставање во промет на сурово млеко од 27 фарми и 46 семејни фарми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии