18 Декември, 2025
0.2711

„Српски Телеком“ проценет, цената тајна!

Објавено во: Балкан, Економија 13 Јуни, 2015 11:37

Добивај вести на Viber

„Телеком Србија“ најверојатно ќе оди во процес на приватизација така што српската влада ќе даде необврзувачка понуда најпрво да ги испита заинтересираните купувачи, а дури после тоа ќе одлучи по кој модел ќе го продаде, пишуват спрски „новости“. Тоа значи дека нема да бидат официјални цените за српскиот оператор туку дури после испитувањето на заинтересираноста, ќе се говори за цената која потенцијалниот купувач е спремен да ја плати. За проценетата вредност на „Телеком Србија“, што во описот е задача на француската консултанстка куќа „Лазард“, инаку приватизационен советник во овој случај, никој не сака јавно да зборува. Српскиот премиер Александар Вучиќ нагласил дека Србија нема да го продаде  „Телеком Србија“ ако не ја добие одговарачката цена и гаранција дека после продажбата на таа компанија ќе функционира подобро. Ако не можеме да добиеме цена, квалитет и гаранција дека таа компанија ќе функционира подобро, ние тоа не го правиме. Секогаш одлуката е на нас - рекол Вучиќ. Премиерот порачал дека Владата на Србија ќе донесе најдобра одлука за Србија и дека одлуката за продажба на  „Телеком Србија“ исклучиво зависи од Владата, од тоа дали може да добие добра понуда и во зависност од препораките на приватизациониот советник „Лазард“. Вучиќ рекол дека претставници на „Телеком Србија“ во Лондон разговарале со потенцијални инвеститори. Приватизациониот советник „Лазард“ ги предложил сите три модели на приватизација, односно да се продаде се што е во државна сопственост, малцинска приватизација со учество на инвестиционите фондови и продажба на контролниот пакет на акции.        

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата