26 Јуни, 2024
0.0271

Српските граѓани бараат одземање на дозволите на Пинк и Хепи за да не ја „трујат“ нацијата

Објавено во: Балкан 05 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се споделува петиција во која српските граѓани бараат одземање на дозволите на српските телевизии Пинк и Хепи. Велат дека со реалити шоуа овие телевизии ја „трујат“ нацијата, пропагираат неморал, дискриминација, кривични дела и други спорни работи кои ја вознемируваат јавноста. 

„Бараме на телевизиите Пинк и Хепи да не им се доделуваат национални фреквенции. Овие две телевизии во голема мера ги користеа своите национални фреквенции за да го прекршат Законот за електронски медиуми“, стои во описот на петицијата. 

 Авторите на петицијата подетално објасниле зошто таа е отпочната.

„Иако се општи даватели на медиумски услуги, што значи дека мора да имаат документарни, културни, научно-образовни и детски програми, овие две телевизии имаат врска со детска програма само кога во нивното студио ќе повикаат локален политичар за кој сведоци тврдат дека подведува малолетници. Ние имаме обврска да застанеме на патот на ваквите гнасотии, без оглед на потенцијалните несогласувања, политички разлики или различни определувања“, стои во описот на петицијата која ја потпишува Лука Трипковиќ од Здружението за заштита на уставноста и законитоста и народното движење „Kreni - Promeni“.

Велат не сакаат нездравото да стане нормално. И многу познати личности повикаа граѓаните да се потпишат на петицијата.  Досега над 370.000 луѓе се потпишале на петицијата. 

Последниве денови имаше два масакри во Србија. Во Белград ученик уби 9 луѓе, а доцна синоќа младо момче во Младеновац уби 8 луѓе. Вчера во Белград, девојката со нож избоде ученик и наставничка. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори на Халкидики, хеликоптери се борат со огнената стихија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори на Халкидики, хеликоптери се борат со огнената стихија

ВУЧЕВИЌ: Србија е „апсолутно подготвена да разговара со Приштина“ и да „направи компромиси“

ВУЧЕВИЌ: Србија е „апсолутно подготвена да разговара со Приштина“ и да „направи компромиси“

АКО ОДИТЕ НА ОДМОР ВО ЦРНА ГОРА, ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОЛКУ Е КВАЛИТЕТНА ВОДАТА ВО МОРЕТО: Еве што покажуваат најновите истражувања

АКО ОДИТЕ НА ОДМОР ВО ЦРНА ГОРА, ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОЛКУ Е КВАЛИТЕТНА ВОДАТА ВО МОРЕТО: Еве што покажуваат најновите истражувања

„ПЕКОЛОТ“ ВО ГРЦИЈА ОДЗЕМА ЖИВОТИ: Починаа шест туристи

„ПЕКОЛОТ“ ВО ГРЦИЈА ОДЗЕМА ЖИВОТИ: Починаа шест туристи

НАЈУБАВИ ЕЗЕРА ВО ЕВРОПА: На листата се најдоа четири од Балканот

НАЈУБАВИ ЕЗЕРА ВО ЕВРОПА: На листата се најдоа четири од Балканот

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

Фајненшл тајмс: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра

Фајненшл тајмс: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра

ДАЛИ БЛАЖИЌ ИМАЛ ПОМОШ, ГО ЧЕКАЛ АВТОМОБИЛ? Мештаните откриваат нови детали од ужасниот масакр во Младеновац

ДАЛИ БЛАЖИЌ ИМАЛ ПОМОШ, ГО ЧЕКАЛ АВТОМОБИЛ? Мештаните откриваат нови детали од ужасниот масакр во Младеновац

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ГРЦИЈА: застој на обиколницата кај Солун кој ќе трае подолг период

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ГРЦИЈА: застој на обиколницата кај Солун кој ќе трае подолг период