„ПЕКОЛОТ“ ВО ГРЦИЈА ОДЗЕМА ЖИВОТИ: Починаа шест туристи

Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2024 06:20
Поради високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, од почетокот на месецов во Грција загинаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.
Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата. Туристот во неделата сам излегол на прошетка во кањонот, а по неколку часа и се јавил на сопругата и и рекол дека не се чувствува добро.
„Веднаш беше започната операција за пребарување и спасување и специјална единица за спасување со дронови забележа (тело) на маж во кањонот Трипити“, изјави полициски претставник за Ројтерс.
Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на возраст од 73 и 64 години на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на одмор на островот Аморгос. Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.
Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозели беше пронајдено на 9 јуни на Сими, остров во Егејското Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.
Б92Можеби ќе ве интересира
ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра
