СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ДОБИВААТ ПОДДРШКА ОД ХРВАТСКИТЕ – ПЛАМНУВА ЛИ РЕВОЛТОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ? Точно во 11:52 часот се собираат студенти во Сплит и Загреб
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2025 10:08
Студенти од Сплит и Загреб денеска ќе се соберат за да им дадат поддршка на студентите во Србија кои веќе два месеци организираат протести, блокади и акции во борбата за поправедно општество.
Во Сплит собирот ќе се одржи на Матејушка во 11:52 часот, додека во Загреб во исто време ќе се одржи митинг на Европскиот плоштад.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да им се придружат и да изразат солидарност со 15-минутно молчење.
Нови Сад денеска го слави Денот на градот, а се навршуваат и три месеци од трагичното уривање на настрешницата на новообновената железничка станица, во која животот го загубија 15 лица.
Како што истакнуваат организаторите, студентите во Србија станаа авангарда на протестите, покажувајќи дека општествените промени се можни преку истрајност, ненасилна акција и заедништво. Нивната борба инспирираше многумина, а пораката од Сплит и Загреб е јасна - солидарноста не познава граници.
фото: Социјални мрежи* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!





