25 Април, 2024
0.0363

Српските трговци го повлекуваат спорното млеко од маркетите, Дукат повлекува од Македонија

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Повеќето трговски синџири во Србија од гондолите во маркетите го повлекуваат спорното млеко за кое има сомнежи дека соддржи ниво на афлатоксин повисок од дозволеното, пренесува Танјуг.

Според српските медиуми, продажбата на млеко и млечни производи е опадната, во некои градови дури и за третина, додека потрошувачите се јавуваат и се распрашуваат дали можат да го вратат млекото што веќе го купиле на акциите во поголеми количества.

Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделие објави список со примероци од 39 видови млеко на шест производители во Србија за кои се сомнева дека соддржат афлатоксин во недозволени количества.

Спорно е млекото на Млкарницата Суботица, мегле од Крагуевац, Нишката млекарница, Млекарницата Шабац, Млекарницата Сомболед и Имлек од Белград.

Дукат ги повлекува млеката во Македонија Во Македонија пак Дукат извести дека заради враќање на довербата кај потрошувачите ќе ги повлече од продажба сите млека. Претставништвото на Дукат во Македонија самостојно донесе одлука времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд кои се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија потврди дека не содржат микотоксини над законски пропишаните граници, односно се безбедни и здравствено исправни, соопштуваат од компанијата. „Следната пратка од било кое од млеката на Дукат која ќе биде испорачана во продажната мрежа во Македонија, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, ќе помине и низ новиот паралелен систем за контрола на присуството на афлатоксин М1 во суровото млеко, што компанијата Дукат прва во регионот дополнително го воведува во сите свои производствени капацитети, иако според законската регулатива тоа не е обврска на млекарниците“ се вели во соопштението од Дукат. Според соопштението, на таков начин, производите на Дукат од новата серија, која за краток временски период ќе биде испорачана на македонскиот пазар, ќе бидат првите и засега единствени двојно проверени и сигурни млека на пазарот. Претставништвото на Дукат во земјава се одлучи на овој чекор со единствена цел да ја поврати довербата кај потрошувачите во безбедноста и квалитетот на млеката на Дукат и воедно да ги увери потрошувачите дека нема причина да чувствуваат несигурност и страв при нивната консумација. „Потенцираме дека временото повлекување од продажните места во Македонија ќе се однесува само за трајните млека на Дукат. Останатите млечни производи, меѓу кои јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите и другo, нема да бидат повлечени, со оглед на фактот дека тие веќе се потврдено проверени“ стои во соопштението од Дукат Македонија

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци