Добивај вести на Viber
Преку пристаништето во Бар за само девет месеци натоварени се 44.850 автомобили Фиат 500 L произведени во фабриката во Крагуевац, изјави извршниот директор на барското пристаниште, Слободен Пајовиќ.
Тој рече дека првиот брод со 414 автомобили Фиат испловил од пристаништето 21 август минатата година, а до крајот на мај испловиле 55 бродови на кои биле пренесени 44.850 автомобили.
Од почетокот на 2013-та биле превезени 29.003 српски возила , а со оглед на значителното зголемување последниов месец се очекува да биде остварена бројка од 84.000 возила, која е вклучена во годишниот план за годинава, рече Пајовиќ за агенцијата Мина.
Според неговата оценка остварените финансиски ефекти од превозот на возилата Фиат за пристаништето во Бар се исклучително важни, а во моментов ова е најголемата работа која се случува на пристаништето во Бар.
Според претходните извештаи, се очекува дека во црногорската каса од договорот со Фиат годишно ќе течат околу десет милиони евра, од кои 3-4 милиони треба да бидат префрлени на пристаништето во Бар.
Од оваа работа, освен пристаништето во Бар, значајни приходи остварува и „Montecargo“, како и други компании регистрирани во Црна Гора, кои се вклучени во обезбедувањето на услуги за бродови кои превезуваат возила, рече Пајовиќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.