05 Декември, 2025
0.0315

Српското земјоделство ќе го предводи Балканот: Емиратите вложуваат 200 милиони евра!

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2013 03:00

Добивај вести на Viber

Српскиот министерот за финансии Млаѓан Динкиќ, во име на Владата на Србија во Абу Даби, потпиша преддоговор за инвестиции во земјоделството помеѓу Република Србија и Обединетите Арапски Емирати. Емиратите вложуваат 200 милиони евра во осум земјоделски фирми.  Преддоговорот предвидува водечката агроиндустриска компанија од Обединетите Арапски Емирати, Ал Дахра во рамките на заедничиките вложувања, инвестиции од околу 200 милиони евра во осум земјоделски државни компании. „Ал Дахра, 100 милиони евра ќе инвестира во нови системи за наводување за да ја зајакне продуктивноста на производството, а од друга страна 100 милиои евра ќе инвестира во превземање на 80% удели во осум државни земјоделски претпријатиа, каде Република Србија ќе остане со 20% косопственик, така што ќе имаме заедничко вложување“, изјави Динкиќ. Министерството за финасии потенцира дека благодарејќи на овие аранжмани српското земјоделство ќе добие инвеститори кои во моментот располагаат со најмногу капитал во светот и дека капиталот и воведувањето на најсовремени агротехнички мерки е она што со децении и недостасуваше на плодната српска земја за да дава максимални приноси. Ал Дахра освен подигнувањето на капацитети во земјоделските комбинати ќе ги вработи и домашните земјоделци како кооперанти, бидејќи има намера вишокот од производство да го пласира на странските пазари, користејќи  ја својата трговска мрежа која ја има во голем број земји. Истовремено, компанијата од Обединетите Арапски Емирати имаат намера да инвестираат и во изградба на логистички центри за извоз на земјоделски производи, пред се во изградба на потполно нови капацитети во Панчево. Партнерот од Абу Даби со овој преддоговор се обврза да вложи 100 милиони евра во агротехнички развој и изградба на комплетна инфраструктура за наводување на површини од околу 14.000 хектари кои се наоѓаат во сопственост или под закуп кај земјоделски фирми кои се предмет на заедничките вложувања, а намерата е да се инвестира и во изградба на нови фабрики за преработка на храна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии