19 Декември, 2025
0.0458

ССК ја шири мрежата на соработка со коморите од целиот свет

Објавено во: Економија 26 Април, 2013 15:20

Добивај вести на Viber

Меморандум за соработка со коморите на Јордан и Уганда потпиша претседателот на ССК, Златко Калеников, што е продолжение на праксата на Сојузот на стопански комори за продлабочување на соработката со Светските комори како со  Португалија,  Украина, Велика Британија, Индија, Турција и многу други. Осмиот Светски коморски конгрес во Доха, Катар заврши. Македонската делегација продолжува во Дубаи, каде ќе се остварат повеќе средби со компании од Обединетите Арапски Емирати, но и со бизнис заедницата од овој крај.  Бизнис делегацијата на Сојуз на стопански комори составена од 25 компании членки на ССК, ќе оствари средба и со Стопанската Комора во Дубаи, се со цел да се продлабочи економската соработка и со оваа земја. Сојузот на стопански комори заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекција за технолошко индустриски развојни зони беа Рубин спонзори на Светскиот коморски конгрес. Сето тоа придонесе Македонската делегација и нашата земја успешно да се претстават, да учествуваат во панел дискусиите организирани за време на саемот на разни теми од стопанството, а во насока на подобрување на деловното опкружување. Претседателот на Сојуз на стопански комори Златко Калеников и Вернета Вокер, потпретседателот на консалтинг, обука и оценување на „BoardSource“ – USA, зборуваа на тема: „Како до одржлив успех при менаџирањето на Стопанските комори“ на која присуствуваа претседатели на Стопанските комори присутни на конгресот и делегати. Бизнис интересот за нашата земја се зголемува, особено во делот на прехрамбената и кондиторската индустрија. Се вршат преговори за можна соработка и со компании од Оман, Кувајт и Саудиска Арабија. Македонската делегација имаше преговори и со Катар Холдинг кој веќе пројавил интерес за докапитализација на Елем, Хасад Фуд за преработка на зеленчук, а Катар Ди Ер за изградба на хотелски објекти. Интерес за инвестиција во Македонија покажаа и нафтените компании. На саемот учествуваа 1.500 делегати, од 105 земји од светот.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд