ССК: Најавите за инвестиции во инфраструктурата значајни за градежните компании
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2013 14:36
Сојузот на стопански комори на Македонија оценува дека најавите од премиерот Никола Груевски за инвестиции во капитални инфраструктурни објекти во наредниот период се многу важни за вклучување на домашните градежни компании како подизведувачи во изградбата.
- Нашите фирми не се способни да аплицираат на вакви големи тендери, но како подизведувачи многу од нив се користат како подизведувачи директно во големи патни инфраструктурни проекти, кои пак понатаму ќе придонесат за брз проток на патници и стока и за развој на туризмот. Овие капитални инвестиции ние ги бараме цело време затоа што тие прават реверзибилен процес на инвестиции во нашето стопанство, изјави денеска Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Груевски вчера во годишно обраќање пред бизнис заедницата најави инвестиција во два автопати во износ од 574 милиони евра без ДДВ. Владата, како што рече, пред неколку дена добила информација оти Ексим банката и Министерството за трговија на Народна Република Кина одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри со преференцијална камата од 2 отсто, како и дека е во завршна фаза на одобрување заемот за автопатот од Кичево до Охрид и Струга од 57 километри под истите поволни услови. Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период. Се очекува патиштата да почнат да се градат 3 до 4 месеци по одобрување на заемот од македонското Собрание.
Груевски ги претстави и проекциите за растот на економијата од 3,2 отсто и на буџетот за наредната година, кои што, според Калеников, се реални и може да се остварат. - За тоа е потребен деловен амбиент, ние забалежуваме доста подбрувања, градежништвото е во експанзија, а се надевам и дека зголемувањата на платите и на пензиите ќе влијаат на личната потрошувачка во Македонија која што е малку на пониско или на стагнантно ниво и треба да ја раздвижиме за да може да се остварат овие 3,2 отсто, рече Калеников.
Прашан дали Буџетот може да издржи зголемување на платите и пензиите, истакна дека во Македонија треба да се направи традиција со која секогаш зголемувањето на платите и на пензиите ќе биде 2 процентни поени повисоко од инфлацијата во таа година. - Ние го гледаме тоа од аспект на потрошувачката моќ на граѓаните. Тоа би го следеле како претпријатија, но за тоа треба целосен економски раст. Ако моите вработени оваа година земале бруто плата од 400 евра, а инфлацијата оди нагоре секоја година, а платата останува, тогаш нивната куповна моќ е намалена. И затоа треба да се настојува буџетот да биде проектиран со стабилни приходи за да може потрошувачката моќ на граѓаните да не биде на исто или минусно ниво, туку секоја година да се зголемува, наведе Калеников.
Во однос на пораките од премиерот за поголема општествена одговорност на бизнис заедницата претседателот на ССК коментира дека тоа е индивидуално и оти компаниите даваат толку колку што имаат. Сепак, истакнува, треба и државата повеќе да соработува на тоа поле со компаниите за кои тие пари се оданочени расходи и не влегуваат во ослободување. - Државата треба да најде начин како да ги стимулираме претпријатијата да инвестираат повеќе во општествената одговорност, рече Калеников.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





