ССМ: Годинава ќе се донесе Законот за мобинг
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2013 11:27
Донесување закон за мобинг, решавање на статусот на работниците од претпријатијата загубари и потпишување на Колективнот договор во јавниот сектор се дел од активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија планирани за годинава, посочува за претседателот Живко Митревски во интервју за МИА.
Законот за мобинг, според Митревски треба да се донесе годинава, а Анкетите на Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот на финансиските работници на Македонија (СФДМ) покажале дека кај 48 проценти од испитаниците има појава на мобинг.За него најголемо достигнување останува донесувањето на Законот за минимална плата.
„Најновите истражувања и анкети направени и од Организацијата на работодавачи на Македонија покажаа дека она што го очекувавме како социјални партнери е дека дури и во висината на минималната плата и во најзагрозените гранки истата се исплатува во полн износ. Од таму пак, по пат на аргументи покажавме и докажавме дека донесувањето на овој Закон и во услови на страшна криза е храбар, одговорен и историски чин. Има елементи за кои може да се зборува за подобрување, но тоа секако социјалните партнери ќе го имаат во предвид“ вели Митревски за МИА.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





