Стабилна, сигурна работа со бројни бенефиции за вработување во „Макстил“ - Отворени нови работни позиции
Објавено во: Економија 18 Септември, 2023
Приватно здравствено осигурување за сите вработени, регрес за годишен одмор (за 2023 година исплатен во висина од 39.000 денари), месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, како и годишни бонуси за успешност во работата и перформансот се само дел од поволностите врзани со работната позиција во компанијата „Макстил“.
Како компанија што е дел од глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во челичната индустрија може да понуди безбедни услови за работа, можност за следење на најдобрите практики во оваа индустрија, како и технолошко знаење и обука со ментор.
Како потврда дека во Макстил во континуитет се работи на подобрување на безбедноста е ангажирањето на професионален експерт според чии препораки се имплементирани бројни безбедносни протоколи и стандарди.
Компанијата обезбедува дополнителен надомест за превоз за вработените со место на живеење надвор од покриеноста на ЈСП, како и целосен оброк за време на работниот процес.
Како компанија што покажува проактивност кон вработените, тие добиваат ваучери за роденден, а исто така обезбедува и дополнителни поволности за децата на вработените како за почеток на школската година, така и за новогодишните празници.
Заради големината и обемот на работа компанијата има постојано отворени работни позиции со кои следат сите овие погодности и бенефиции. Од профилите кои најчесто се бараат во „Макстил“ се издвојуваат електричар, дигалкар, леар, машински техничар/заварувач, оператори во производство.
Повеќе информации за отворените работни позиции се достапни на следниот линк.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
