16 Јануари, 2025
0.3547

Станбените измами во Македонија, ФИКОМ, ПЛАТИНА, САМАРИЈА, ГИА, кога граѓаните ќе извлечат поука?

Објавено во: Македонија 23 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Случајот со продажбата на непостоечки станови не е новина во земјава. Се уште се свежи сеќавањата на градежните афери како Фиком, Платина, Самарија..Некои од клучните актери во измамите се зад решетки, но нивните сценарија продолжуваат да се реализираат од други актери. Иако во меѓувреме се донесоа низа законски регулативи за да се спречат нови измами, најголемите жртви сепак се граѓаните кои привлечени од понудата на багателни цени на станови, несвесно влегуваат во измама. Над 600 илјади евра тежи последната измама со продавање на станови. Триесетина граѓани се измамени од татко и ќерка кои немале допирна точка со градежниот бизнис, а продавале станови. Измамата почнала во 2011 година со продажба на фиктивни станови за посебна група лица по цена од 400 евра за метар квадратен. Измамените граѓани уплаќале меѓу 15 и  30.000 евра на банкарска сметка а наводните посредници лажеле дека останите пари ќе ги обезбедат од странски донации, односно од белгиската, холандската и македонската влада. Случајот е се уште отворен, а полицијата не ја исклучува можноста бројот на измамени граѓани да расте. И по една деценија градежните пирамиди тапкаат без епилог Ова не е прв случај во трката за лесна заработувачка во бизнисот со недвижнини да настрадаат граѓаните. Градежната афера Фиком која изби во 2006 година “изгоре“ стотици граѓани, а уште толку се жртви на други градежни фирми како Самарија, Платина, Раба, Гиа инженеринг... , кои ги градеа градежните пирамиди врз дупките во законите, но и со помош на општинските службеници. Разликата е во тоа што во овие случаи, граѓаните беа измамени од инвеститорите на објектите, кои еден ист стан го продаваа на по петмина и повеќе купувачи. Граѓаните купуваат станови по багателни цени во згради на атрактивни локации само врз основа на проект, а инвеститорите им ветуваа дека ќе ги доградат зградите со уплатените пари. Во такви услови измамените граѓани стануваа сопственици на непостоечки станови, без договор и без имотен лист.. Случај Фиком-измама тешка над 10 милиони евра Мега градежната афера Фиком медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Сопствениците на Фиком-сопружниците Николиќ кои се уште издржуваат казна затвор, во седум згради во централното градско подрачје продавале станови по цена од 450 до 500 евра за метар квадратен, без склучен договор. Николиќ е осуден во април 2007-ма, а според пресудата, со продажбата на исти станови на повеќе граѓани создал измама тешка околу 12 милиони евра. Стотици семејства беа оштетени, дадоа пари не добија станови, а зградите уште стојат недоправени. Случај Платина инженеринг- штетата се уште не е проценета Веднаш после Фиком, во јавноста одекна и скандалот со зградите на Платина инженеринг. Освен што се градени без платени комуналии, становите во нив биле продавани повеќе пати на различни лица.Газдите на фирмата, сопружниците Рокан и Маријана Атанасоски, беа осудени на вкупно 15 години затвор. Атанасоски по обелоденувањето на аферата избегаа од државава и по нив беше распишана потерница. Измамените граѓани останаа и без пари и без станови.. Случај Самарија-измама тешка 350 илјади евра Скопската градежна фирма Самарија слично како и во аферата Фиком ги зела парите од купувачите ,но ниту еден од нив не го добил станот за кој платил. Газдарицата Лујза Миновска доби казна затвор поради измама на 12 граѓани на кои, без да добие одобрение за градба, им ветувала изградба на станови со здружени средства, иако знаела дека становите не може да ги изгради. Случај Гиа Инженеринг- измама тешка 260 илјади евра Градежната компанија Гиа Инженеринг успеала 18 станови да продаде на 76 купувачи со што направила штета од 260 илјади евра. Оштетените граѓани, дел од парите за изградба на становите ги уплаќале на каса прими во фирмата или директно на рака на инвеститорот без да добијат документ за извршената уплата. По градежните афери се донесоа низа законски рефирми, но кој да ги опамети граѓаните? По избивањето на аферата Фиком, Министерството за транспорт и врски неколку пати го смени Законот за градење, со кој наметна зајакната финансиска контрола на градителите. Општина Кисела вода, на чија територија се случија најголем дел од измамите, почна со издавање сертификати кои гарантираа дека еден стан не може да се продаде два пати.  Но, се чини дека нема кој да ги опамети граѓаните, на кои се уште најисплатливо им е да купуваат станови во фаза на изградба бидејќи тогаш се најевтини, иако со тоа што уплаќаат средства пред да добијат имотен лист ризикуваат да станат сопственици на дивоградби. С.Н

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?