26 Јуни, 2024
0.0267

Станицата во Будимпешта ги отвори вратите, но возови за Западна Европа нема!

Објавено во: Свет 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Главната железничка станица во унгарската престолнина Будимпешта ги отвори вратите за стотиците мигранти кои поминаа два дена на плоштадот пред неа, пренесе „ББС“. Унгарскиот железнички оператор сепак најави дека нема да има директни возови кон западните земји.

Главниот влез на станицата бил отворен непосредно пред 8.15 часот по локално време, а имигрантите се брзале кон еден од пероните. Во официјално соопштение, сепак администрацијата на станицата „келеш“ соопшти дека меѓународните возови нема да доаѓаат на станицата за „неодредено време“.

Два дена неколку стотици бегалци протестираа пред меѓународната железничка станица во унгарската престолнина, со барање да им биде дозволено да се качат на возовите за Германија.

Полицијата не им дозволи на околу 2.000 имигранти да дојдат до перон. Во протестот не дојде до судири, но имаше видлив напон од двете страни. Властите во Будимпешта соопштија дека и во иднина ќе ги почитуваат шенгенските правила, што значи дека лицата без документи нема да можат да патуваат и да ги користат возовите.

[button color="green" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/09/03/potresni-fotografii-smrt-taga-i-strav-na-migranti-nema-da-ve-ostavat-ramnodushni/" target="blank" ] ПОТРЕСНИ ФОТОГРАФИИ: СМРТ, ТАГА И СТРАВ на мигранти нема да ве остават рамнодушни![/button]

Унгарската влада побара од германската амбасада во Будимпешта да одржи кампања за објаснување со бегалците на станицата „келеш“. Во моментов таму има над 2.000 лица кои сакаат да заминат за Германија.

Во меѓувреме, бројот на мигрантите кои влегуваат во Европа, достигнува нови рекордни нивоа со 107 500 мигранти кои пристигнале само во јули.

Унгарската полиција го прекина пристапот на имигрантите до станицата во вторникот, откако Германија ги повика на почитување на Даблинските правила кои бараат регистрирање на бегалците во првата земја од Шенген зоната, во која се пристигнати.

Баварските власти посочија дека само минатиот месец азил во земјата побарале над 100 000 новодојденци.

Можеби ќе ве интересира

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви