26 Јуни, 2024
0.0261

Станицата во Будимпешта останува центар на тензиите со бегалците

Објавено во: Свет 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Централната железничка станица во Будимпешта продолжува да е затворена за мигрантите, пренесуваат светските агенции. Илјадници луѓе остануваат надвор од зградата на станицата и унгарските власти се придржуваат до правилата на ЕУ и не им дозволуваат да ја напуштат земјата во насока на Германија или друга западноевропска држава.

Околу 3.000 мигранти се пред станицата „келеш“ во Будимпешта. Многумина од нив ја минале ноќта легнати пред главниот влез на зградата, чувани од полицијата. Граѓански патроли и помагаат на полицајците за одржување на редот меѓу мигрантите. Волонтерски групи обезбедуваат храна, облека и медицинска помош.

Стотина мигранти протестираа рано утринава пред станицата, пренесе „Франс прес“. „Ќе останеме тука додека не успееме да се качиме на возот за Германија. Ќе продолжиме да протестираме секој ден, си ги сакаме правата“, изјавил Сириецот Мохамад, еден од демонстрантите, кои се на број помеѓу 100 и 150 луѓе.

Околу 600 лица, вклучувајќи и жени и деца, главно од Сирија, Ирак или Авганистан, се собрале пред станица „келеш“, седнати на земјата. А околу 1.200 други се внатре, во транзитната зона, пренесува „Франс прес“.

Вчера властите ги натераа бегалците да ја напуштат станицата, откако околу 500 мигранти се обидоа да се качат на последниот воз за Виена во хаосот. Станицата продолжила со работа, но пристапот на мигрантите беше забранет, без да се прецизира до кога ќе е во сила оваа мерка. Ова доведе до спонтан протест на околу 200 луѓе пред станицата, кои извикуваа „Германија Германија“ и „Сакаме да заминеме“ и ги покажуваа своите деца, кренати во раце.

На друга станица во предградието на Будимпешта стотина мигранти пристигнале од центарот за регистрација на границата со Србија, седнале на платформата и одбивале да се качат на возот, кој требаше да ги однесе во центарот за бегалци во Дебрецен. Според полицијата групата побарала дозвола да замине за Германија.

Во август Унгарија прими 50 000 мигранти. Владата на премиерот Виктор Орбан, кој изгради 175-километарска ограда од бодликава жица на границата со Србија, изјавил дека ги применува правилата на ЕУ, со што не им овозможува на мигрантите без виза да заминат. Оградата сепак не го запира протокот на мигрантите од Грција во Западен Балкан. Унгарските власти соопштија дека вчера 2284 лица ја преминале границата. Меѓу нив имало и 353 деца.

„Ако Европа ни овозможува да влеземе, зошто не ни даваат визи? Зошто треба да го правиме тоа нелегално патување?“, Прашува Билал, Сириец од опустошениот град Алепо. „Стравуваме дека работите ќе се променат и еден ден дури Германија ќе ги затвори своите граници, кога ќе и омрзне од бегалци, па затоа треба да патуваме што е  можно побрзо“, додал тој.

Можеби ќе ве интересира

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви