05 Декември, 2025
0.0522

Станови има многу на продажба, цените паѓаат, фалат уште само купувачи!

Објавено во: Македонија 19 Август, 2013 07:49

Добивај вести на Viber

Повеќе станови на пазарот, цените паѓаат. И Народната банка, и Владата констатираат дека цените на становите имаат надолна тенденција. Се зголемува понудата на станови. Во Кварталниот извештај на Народната банка на Македонија за јули е наведено дека продолжува трендот на намалување на цените на овој вид недвижности и во второто тримесечје од годинава. „Индексот на цените на становите бележи забавен пад од 0,5% на квартална основа, која што придонесе за мало забавување на годишна основа (пад од 4,7%, наспроти падот од 5,5% во првиот квартал на 2013)“, се наведува во документот на централната банка. Во услови на пораст на трошоците за градба од 2011 година, негативните придвижувања кај вредноста на станбените единици можат да се објаснат со повисоката понуда на пазарот на недвижности“ пишува во извештајот на НБРМ. А дека цените на становите имаат надолна тенденција потврдуваат и во Владата. Во Аеродром по цена од  795 евра за квадрат гради Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор. Во Реонски центар, во скопски Аеродром се градат 7 згради со 330 станови. Министерот за финансии Зоран Ставрески, кој денеска го шеташе градилиштето, со оглед на тоа што половина од становите не се продадени, ова е шанса преку проектот „Купи куќа – купи стан“, заинтересираните да си купат стан. Надвор од Скопје, државното претпријатие гради станови во Прилеп, Битола,  Охрид, Кавадарци, Штип, Струмица, Пехчево. Непродадени се 300 од нив, по цена од 300 до 600 евра за квадрати, информираше Ставрески, а додаде дека има понуда и на куќи кои „Хот и хот“ ги нуди во радишани и Соње, а наскоро и во Хиподром и во Илинден. Инаку Централната банка констатира дека повисоката понуда на станови може да се забележи преку високиот годишен раст на изградбата на станбени згради во првото тримесечје (реален годишен раст од 136,8%, стимулиран од странските инвестиции). Понискиот број на издадени одобренија за изградба на станови во првите четири месеци од годината, во однос на минатата година, исто така укажува на веќе релативно висока понуда. Гледано од аспект на показателите за побарувачката, станбените кредити и натаму растат во првите пет месеца на 2013 година, но поумерено, пишува извештајот. Дали владината понуда за „Купи куќа купи стан“ ќе ја поткрене побарувачката останува да се види. Р.Ф.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите