05 Декември, 2025
0.0415

Станови во небодерите во Аеродром од денеска на продажба!

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2013 09:25

Добивај вести на Viber

Од денеска почнува продажбата на становите во висококатниците во резиденцијалниот комплекс „Џевахир скај сити” во скопската населба Аеродром. На продажба се 688 станови, а најниската цена за метар квадратен е 1.100 евра, додека на ограничен број станови цената е 3.000 евра за метар квадратен. Сепак од турската компанија инвеститор “Џеваир Холдинг” велат дека цената ќе биде променлива,односно дека ќе зависи од типот и местоположбата на становите. Употребата на базените,спортските сали и останатите рекреативни простории ќе биде бесплатна. Најбарани се становите од 39-от и од 40-от спрат. Од компанијата очекуваат голем инетерес, а најавија дека веќе се во преговори со дел од банките за одобрување кредити. Според проценките во декември 2015 година сопствениците ќе можат да се вселат во становите. Трговскиот центар ќе биде готов во 2016 гдоина, а целиот проект најдоцна до 2017 година. Според проектот, предвидена е изградба на четири висококатници, а вкупната инвестиција изнесува 100 милиони евра. Целиот комлекс се простира на 5.600 метри квадратни, и ќе 24 часовно обезбедување, како и набљудување на заедничките простории и пристап со картичка до апартамните.

Бизнис амбиентот во градежништвото се подобрува, ама трошоците растат

Наспроти странските градежни проекти и експанзијата што во ек на економска криза ја доживеа македонското градежништво, сепак прогнозите на македонските бизнисмените од секторот градежништво за периодот што следува, не се оптимистички. Во анализата на Државниот завод за статистика кој се однесува на оценките на раководителите во градежништвото за третото тримесечје од годинава, бзинисмените се изјасниле дека бизнис амбиентот се подобрува, но трошоците за материјали и финансиските трошоци ќе растат.

Финансиската состојба на компаниите е оценета како понеповолна во однос на претходното тримесечје од годинава, но подобра во споредба со третото тримесечје лани. Градежниците оценуваат дека цената на недвижностите ќе се паѓа, а ќе се намалува и бројот на вработените. Нема пдобрување во состојбата со побарувачката, која во третото тримесечје од годинава, во однос на претходното тримесечје, е оценета како  понеповолна.

Статистичките анализи покажале дека најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната состојба во градежниот сектор, имаат, конкуренцијата во сопствениот сектор, немањето побарувачка, зголемените трошоци за материјали и зголемените финансиски трошоци.

Се губат старите пазари

Во однос на склучените и извршени зделки во странство, градежниот сектор во првите девет месеци од годината споредено со лани истиот период бележи зголемување за 1,6 проценти. Вредноста на договорени градежни работи во странство во анализираниот период изнесува нешто повеќе од 83 милиони евра. Вкупната вредност на извршени градежни работи во странство во истиот период изнесува близу 20 милиони евра. Според податоците од Државниот завод за статистика, македонските градежни компании во првите девет месеци од годината најмногу склучени и извршени градежни работи имале во Франција, Холандија и Германија. Но одруга страна,анализите покажуваат дека во истиот период речиси и да се изгубени пазарите кои лани биле на топ листата. Драстично се намалени склучените и извршените градежни работи во Србија, Хрватска , Италија, Швајцарија, а во Украина за разлика од лани во овие девет месеци нема ниту една гардежна зделка.

Како нови пазари каде што македонските градежни компании склучиле договори се јавуваат Индија, Бугарија и Либиска Арапска Џамахирија.

Според статистичките податоци градежниот сектор со пораст од 33,2 проценти во второто тримесечје е главен двигател на порастот на бруто домашниот производ од 3,9 проценти.

Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите