05 Декември, 2025
0.0326

Стар Театар за нова драма во Скопје 2014: фрчат кривични на сите страни!

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2013 20:47

Добивај вести на Viber

Обвинувања, кривични пријави, тужби и контра тужби. Скопје 2014 ја бранува јавноста. Дека „Скопје 2014“ допрва почнува да ја разгорува политичката арена зборува и фактот што дури и приведувањето на претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, се поврзува токму со „Скопје 2014“. Шиповиќ според опозицијата е приведен за да се прикријат трагите за криминал на контроверзниот проект. Само неколку дена по овој настан опозицијата побара кривично гонење на министерката  Елизабета Канчевска Милевска, бидејќи токму министерството за култура е клучно во спроеведување на проектот „Скопје 2014“. Денеска на тапет СДСМ го стави стариот театар. „Овој објект првично беше најавен дека ќе чини 6 милиони евра. Но, неговата вредност, односно потрошените народни пари, како и за други објекти од овој проект на власта,  неколкукратно пораснаа. Заедно со сите анекси, договори за предвидени и непредвидени работи, објектот „Стар театар“ до денес ги чини граѓаните неверојатни 39 милиони евра. Замислете, дури шест и пол пати повеќе од првично планираната односно најавена вредност. Според податоците достапни од Бирото за јавни набавки, за овој објект, освен основниот договор склучени се дополнителни 40 договори, или анекс на договор во вредност од над 33 милиони евра. Ако се погледне за што се склучени овие 40 договори и анекси, испаѓа власта сакала да прави театар ама не предвидела во тој театар да има мебел, ентериерна опрема,  осветлување (број на оглас 22/2010) завеси за сценскиот простор, градежно занаетчиски работи, хидротехнички работи....“, рече Петре ШилеГов, СДСМ. Одговор од Министерството за култура Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната пресконференција кажа груби лаги и невистини пред новиот објект на Макдонскиот народен театар, во врска со изјавите за склучување на договори и анекс на договори во четири очи за изградбата на театарот, се вели во реакцијата на Министерството за култура од каде најавија кривична пријава против него. „Очигледно е дека вие и вашата партија не знаете што значи да се изгради ваков репрезентативен објект затоа што, само за потсетување, ја имавте истата можност, но тоа не го направивте. Очигледно е дека ви останува само сето она што оваа Влада и инистерството за култура го изградија и го направија за уметниците да го девалвирате користејќи го за дневно политички цели и партиски интереси. Денешната прес-конференција е само уште еден неуспешен обид, манипулирајќи со јавноста да ја скриете својата фрустрираност, неспособност и немоќ“, се вели во писмената реакција од Министерството за култура. Како се градеше театарот? Но­ви­от те­а­тар што е из­гра­ден врз те­ме­ли­те на ста­ри­от те­а­тар, кој се ур­на во зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на има по­вр­ши­на од 7.200 ква­драт­ни ме­три. Ау­ди­то­ри­у­мот на об­је­ктот е по­де­лен на го­ле­ма са­ла со пар­тер, две га­ле­рии со вкуп­но 724 се­ди­шта, ка­ко и ма­ла са­ла со 213 се­ди­шта.  Надлежните веќе подолго време најавуваат дека со из­град­ба­та на „Ста­ри­от те­а­тар“, Ма­ке­до­ни­ја за прв­пат до­би­ва со­вре­мен те­а­тар­ски про­стор во кој ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат бројни со­др­жи­ни со ви­со­ки тех­нич­ки пер­фор­ман­си. Пожар и куп одложувања на градежните работи ја следеа изградбата на театарот, а покрај првичниот, со многуте дополнително потпишани договори за дореализација на проектот, сумата за изградба на објектот неколкукратно е надмината. Првично, театарот требаше да биде готов кон крајот на 2009 година. Според последните најави, требаше да пуштен во употреба на 27 март- Светскиот ден на театарот, но и тоа не се случи. Објектот е дел од проектот „Скопје 2014“ и почна да се гради на почетокот на 2007 година, според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан. Главен изведувач на Стариот театар е градежната компанија Бетон од Штип. Надлежните првично најавија дека изградбата на објектот ќе чини 6 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите