СТАРЕЦ НА УДАР НА КРАДЦИ: Му украле франци, евра, денари и пиштол
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2016
Три маскирани лица упаднале во домот на постар човек во кумановско Отља, и му украле пари, пиштол и мобилни телефони.
Имено, како што соопшти полицијата, во саботата, околу 20.50 часот во село Отља, кумановско, три засега непознати маскирани лица влегле во куќата на Т.С.(66), физички го нападнале и му одзеле 300 швајцарски фанки, 150 евра, 14.000 денари и пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм, што оштетениот го поседувал со дозвола, мобилен телефон „Самсунг“ и мобилен телефон „Ајфон 4“. Крадците на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.