Старец прегазен на патот Гостивар - Тетово
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016
Н.О. (78) од гостиварска Горна Бањица загинал во сообраќајна несреќа што синоќа во 20.25 часот се случила на автопатот Гостивар – Тетово кај селото Пирок.
Него го удрило возило додека одел покрај патот, а возачот избегал. Старецот од здобиените повреди починал на самото место.
Смртта ја констатирал дежурен лекар од службата за Брза помош кој пристигнал на местото, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
Обвинителството телото на починатиот го предало на обдукција.
Полицијата трага по возачот.