Добивај вести на Viber
Новата зграда на објектот „Стар театар“ иако веќе пуштена во употреба и во неа се изведуваат претстави, сепак и натаму е предмет на дополнителни договори. Министерството за култура склучи уште еден договор со австриската фирмата Страбаг АГ за извршување дополнителни и непредвидени работи во ентериерното уредување, мебел, опрема, осветлување и орнаментика.
„Дополнителните работи произлегоа од следното: Во текот на изведбата на објектот заради усогласување со ситуација на лице место, а на барањата на различни чинители при реализација на целокупниот ентериер во објектот Стар Театар, беше потребно да се изведат позиции што не беа предвидени во Предмер пресметката и проектот за ентериер“, објаснува Министерството.
Вредноста на склучениот договор со преговарање и без претходно објавување оглас е 122 илјади евра, а Страбаг за дополнителни работи кои е предвидено да траат еден месец.