Стартува доброволниот откуп на државните обврзници во Грција
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2012 12:13
Грчката Агенција за управување со долгови (ПДМА) денеска соопшти дека отпочнала доброволен откуп на државни обврзници по значително намалени цени, што е услов за прием на најновата транша од заемот од Европската унија и Меѓународниот монетерен фонд.
Во соопштението се наведува дека квалификуваните сопственици на обврзници се повикуваат до петок да ги достават грчките должнички хартии од вредност за да им се исплати меѓу 32,2 и 40,1 отсто од нивната номинална вредност, пренесуваат агенциите.
Во замена за старите хартии од вредност на учесниците во повикот ќе им бидат врачени нови шестмесечни записи, што ги издава Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ), со вкупна вредност до 10 милијарди евра.
Грчките приватни кредитори во март веќе се согласија на отпис на околу 107 милијарди евра од грчкиот јавен долг, а бројни банки и осигурителни компании во целост ги отпишаа побарувањата на име на грчките обврзници во своја сопственост.
ЕУ и ММФ минатата недела договорија ослободување на 43,7 милијарди евра во четири транши од декември до март, што на Грција ќе и овозможи да го избегне банкротот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





