Стартува електронското издавање дозволи за градба
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2013 09:50
Во сите општини во Македонија од денеска целокупната постапка за издавање одобренија за градба ќе се одвива електронски.
Барањето ќе се поднесува електронски и одобрението ќе се издава во електронска форма. Доколку се издаде во печатена форма тоа ќе биде ништовно. Надлежните се подготвени, администрацијата обучена.
Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Општините исто така електронски ќе комуницираат со своите служби во рамки на општината, како и со институциите и јавните претпријатија од кои треба да добијат соодветните согласности. Откако сите документи ќе бидат во ред по електронски пат општината ќе биде информирана дека се платени комуналиите и одобрението по електронски пат ќе биде дадено. Постапката треба да се поедностави, да се забрза и да стане потранспарентна, бидејќи секој барател во секој момент ќе може да види кај кого е неговиот предмет. Досега според законското решение дозволата требаше да се издаде до 45 дена, а сега се очекува тоа да се скрати.
Општините ќе го користат софтверот на ЗЕЛС, а за да функционира системот треба да набават и електронски потпис.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





