Стартува изградбата на новиот објект на Турскиот театар
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2014 19:00
Нов современ објект ќе довие Турскиот театар во Скопје кој во целост ќе го задоволи функционалните, техничките и естетско-архитектонските критериуми.
Сместен е во близина на поранешното балетско училиште и ќе располага со вкупно 8 нивоа од кои пет надземни и три подземни. Ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет на посетители до 150, додека големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки на функционира и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала.
Изведувач на работите е градежната компанија „Бетон“, а се очекува за 14 месеци да биде изградена карабината на објектот. Изградбата на карабината ќе чини 248 милиони денари.
На денешното поставување на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски и министрите за култура и за транспорт и врски Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески, како и вицепремиерот на Турција, Емрула Ишлер, кој денеска престојува во Македонија.
Објектот според Груевски е замислен да функцонира пред се како центар за промоција на турската култура, но и да биде основа за продлабочување на културната соработка со Турција.
- Уметноста е процес, а не производ. Наша задача е да го поддржиме овој процес со постојано вложување во развојот на културата и културната размена со другите земји. Објектот кој што денес почнува да се гради е уште еден пример за интензивната сораотка во областа на културата меѓу Македонија и Турција. Ваквата соработка има свој континуитет и традиција која адекватно продолжува да се развива и преку Програмата за соработка во областа на културата потпишана меѓу двете влади, нагласи премиерот.
Тој истакна дека уште еден значаен проект кој ќе ги интензивира односите меѓу двете држави ќе биде и обновата на куќата на родителите на Кемал Ататурк во селото Коџаџик, која наскоро ќе биде промовирана во јавноста.
За министерката Канческа - Милевска, изградбата на новиот објект на Турскиот театар претставува исполнување на сонот на многу генерации турски актери.
Турскиот вицепремиер оцени дека со новиот објект ќе им служи на многу идни генерации и со неговата изградба Турскиот театар ќе има можност да ги понуди своите дела во една поубава средина.
Турскиот театар почнува да фунцконира во 1950 година коага е изведена комедцијата „Сомнително лице“ во режија на Абдуш Хусеин. Досега овој театар функцонираше во истите простории со Албанскиот театар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





